ИПАРД МЕРКА 7: Официјално најавен новиот повик 03/2025, во тек подготвителниот период

АФПЗРР денес официјално го најави новиот јавен повик 03/2025 од ИПАРД програмата за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Повикот се очекува да биде објавен во текот на следниот месец, а периодот за аплицирање ќе трае 45 денови.

ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ

Неповратните грантови се наменети за следните приоритетни сектори:

1. Рурален туризам

Изградба и/или целосно опремување на:

  • Нови или постоечки објекти за сместување: соби, апартмани, бунгалови, кампови
  • Нови или постоечки угостителски објекти (за готвење и служење на храна)
  • Комбинирани објекти (сместувачки капацитети и угостителски дел)
  • Простории за семинари и обуки
  • Рурални музеи

Повеќе детали за приоритетниот сектор „Рурален туризам“ прочитајте на овој линк.

2. Производство на непрехранбени производи

Изградба и/или целосно опремување на производствени погони за микро и мали претпријатија кои се занимаваат со 110 прифатливи дејности за производство на:

  • Мебел
  • Облека
  • Текстил
  • Преработка на дрво и производи од дрво
  • Хартија и производи од хартија
  • Производи од гума и пластични маси
  • Други неметални минерални производи
  • Кожа и производи од кожа
  • Фабрикувани метални производи
  • Компјутерски, електронски и оптички производи
  • Друго (храна за домашни миленици, парфеми, есенцијални масла итн.)

Повеќе детали за приоритетниот сектор „Непрехранбено производство“ и целосна листа на сите 110 прифатливи дејности прочитајте на овој линк.

✅ ДСИ Консалтинг нуди целосна и професионална подготовка на проектни апликации за сите акредитирани мерки од ИПАРД III програмата.

За повеќе информации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk

3. Производство на храна и пијалаци

  • Вода
  • Пијалоци
  • Пиво

4. Поддршка на услуги за руралното население

  • Поправка и одржување
  • Теренско (пејсажно) уредување
  • Грижа за домашни миленичиња
  • Престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн.)
  • Дневно згрижување на деца
  • Обука и образовни центри за било која професија, хоби или целна самонадградба, спорт и рекреација, услуги за поддршка на образование, информатички

5. Поддршка на услуги во земјоделството

  • Воспоставување и унапредување на ветеринарните служби
  • Воспоставување и модернизација на работилници за одржување и поправка на земјоделска механизација, машини и опрема
  • Воспоставување на услуги за изнајмување на земјоделска механизација и машини

6. Алтернативно земјоделско производство

  • Одгледување на печурки и тартуфи
  • Цвеќарство – хортикултура
  • Медоносни дрва, дрва за производство на трупци, брзорастечки дрва за производство на биоенергија
  • Производство на семенски и саден материјал
  • Одгледување на зајаци
  • Одгледување на полжави
  • Одгледување на птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви, емуа и бисерки
  • Одгледување на дивеч
  • Пчеларство
  • Одгледување на билки, семиња и други зачински, ароматични и фармацевтски растенија
  • Насади на дрва за дрвена граѓа и био-маса

7. Преработка на алтернативни земјоделски производи

8. Поддршка на занаетчиски активности

✅ ДСИ Консалтинг нуди целосна и професионална подготовка на проектни апликации за сите акредитирани мерки од ИПАРД III програмата.

За повеќе информации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk

*Напомена: Целосната листа на прифатливи подсектори за јавниот повик 03/2025 ќе биде објавена во рамки на упатството за корисници

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести