Иран избра нов лидер: Моџтаба Хамнеи, синот на ајатолахот Али Хамнеи

Иран го обелодени името на новиот врховен лидер – Моџтаба Хамнеи, синот на убиенот ајатолах Али Хамнеи. Тој е избран од страна на Собранието на експерти, тело составено од 88 избрани високи шиитски свештеници, задолжено за избор на врховниот лидер на државата.

Од формирање на Исламската Република во Иранската револуција, досега ова тело само еднаш претходно избрало нов лидер, односно по смртта на Рухолах Хамнеи кога за негов наследник беше избран Али Хамнеи.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека треба да биде „вклучен во изборот“ на новиот лидер на Иран и дека назначувањето на синот на Хамнеи за врховен лидер е „неприфатливо“.

Моџтаба Хамнеи (56) е втор син на Али Хамнеи и важи за влијателна фигура зад кулисите во иранскиот политички систем. Тој има блиски врски со Исламската револуционерна гарда, најмоќната воена структура во земјата, како и со паравоената формација „Басиж“.

Иако нема висока верска титула и досега не извршувал официјална функција во власта, САД го санкционираа Моџтаба Хамнеи во 2019 година, обвинувајќи го дека соработува со команданти на единицата „Кудс“ и со „Басиж“ за спроведување на регионалните и внатрешни политики на неговиот татко.

Според израелски извори, Моџтаба Хамнеи бил таргетиран во напад од страна на Израел минатата година во кој, според тврдењата, поминал само со повреди.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести