Семејството Станојевиќ од Скопје во полицијата пријавило дека нивниот 17-годишен син Марјан исчезнал. Тој, последен пат бил виден во ГТЦ, а бил облечен во сини фармерки и тексас јакна.
Семејството апелира доколку некој го забележи Марјан да ја информира најблиската полициска станица или да се јави на 192.