Историја за настанокот на календарот, се за календарот

Во дамнешни времиња од постанокот на човекот, луѓето не знаеле ни за време, а секако ни за календар. Од тогаш многу нешта се променија, па и човечкото поимање на времето и неговото поминување. Денес часот и календарот станаа нешта без кои е невозможно да се организира животот. Еве ја историјата за настанокот на календарот. ЈУЛИЈАНСКИ КАЛЕНДАР Јулијанскиот калнедар го вовел Гај Јулије Цезар 45 година пне и се користел во цела Европа до 16 век кога се преминало на Грегоријанскиот календар. На првиот екуменски собор во Ница во 325 година христијанската црква го прифатила Јулијанскиот календар како основен календар. Должината на траењето на годината според Јулијанскиот календар изнесува просечно 365¼ дена, што се постигнува со уфрлување на еден дополнителен ден секоја четврта година. Јулијанската година е нешто подолга од тропската, а оваа разлика се акумулира на еден ден секои 128 години.

Според Јулијанскиот календар секоја година чиј број се дели со 4 е престапна и содрижи 366 дена, додека останатите содржат 365 дена. По воведувањето на Јулијанскиот календар 45 година пне, прво по грешка секоја трета година била престапна. Престапни биле следниве години: 45 пне, 42 пне, 39 пне., 36 пне, 33 пне, 30 пне, 27 пне, 24 пне, 21 пне, 18 пне, 15 пне, 12 пне, 9 пне, 8, 12 и понатаму секоја четврта година.

Откако грешката во календарот била забележана, цар Аугуст наредил исфрлување на сите престапни години меѓу 9 пне и 8 пне, со што заслужил еден месец да се нарекува по неговото име. Треба да се има предвид дека во ова време годините се уште не се броеле од раѓањето на Исус Христос, туку од основањето на Рим во 753 година пне, па среќна околност е што за престапни години се земени токму тие што се делат со 4, броено од раѓањето на Исус.

Јулије Цезар прво одредил сите непарни месеци да имаат по 31 ден, а парните по 30 освен февруари кој во обична година имал 29 дена, а 30 во престапна. Месеците се нарекувале. Јануариус, Февруариус, Мартиус, Априлис, Маиус, Јуниус, Куинтилис, Секстилис, Септембер, Октобер, Новембер и Децембер.

Годината 44 пне месецот Куинтилис бил преименуван во Јулиус денешен Јули, во слава на Јулије Цезар. Во годината 8 пне, одлучено е еден месец да се нарекува по царот Аугуст, и бидејќи тој најмногу воени победи имал во месецот Сектстилис, овој месец е наречен по него, Август.

Уште од 13 век на Аугуст се припишува дека на својот месец додал еден ден за да биде еднаков со Цезаровиот, меѓутоа такви должини имало дури и пред Цезар. Јулијанскиот календар не бил совршен и неговата грешка се зголемувала на еден ден на секои 128 години. Тоа подоцна било забележано па на соборот во Ницеја во 325 година било одлучено од календарот да се исфрлат три дена кои ја претставуваат акумулираната разлика. Бидејќи Јулијанскиот календар и понатаму останал непроменет, разликата до 16 век се акумулирала на 10 дена. Кога ова го забележале, астрономите се одлучиле да изработат нов календар кој ќе биде попрецизен.

Освен тоа, требало да се исфрлат 10 дена кои биле вишок во календарот. Тоа било постигнато со воведувањето на Грегоријанскиот календар. ГРЕГОРИЈАНСКИ КАЛЕНДАР

Грегоријанскиот календар, денес во најширока употреба е модифицирана верзија на Јулијанскиот календар. Предлогот го изработил неаполски доктор Алојсис Лилиус, а на 24 февруари во 1582 година со указ го прогласил папата Гргур 13, според чие име е наречен календарот. По совет на германскиот астроном Кристоф Клавиус (1538-1612) и неаполскиот физичар астроном Алојсис Лилиус (1520-1576) папата Гргур 13 (1502-1585), 24 февруари во 1582 година објавил реформа на тогашниот постоечни Јулијански календар, со папска була Интер Грависимас наречена по првите два збора од нејзиниот текст. Папската була ги содржела следните одредби: ■ Од календарот ќе се отстранат 10 дена, така по четвртокот на 4 октомври 1582 следи петок 15 октомври. ■ Престапна е секоја година што се дели со 4, освен годините деливи со 100 кај кои се престапни само тие што се деливи со 400. ■ Престапната година има еден ден повеќе од обичната година, кој се става на крај на месец февруари. ■ Велигден од сега ќе се пресметува по новото правило, поврзано за новиот календар. ■ Прв ден во годината ќе биде 1 јануари.

Овој нов календар е наречен по папата Гргур, Грегоријански календар. Според него просечната должина на траење на годината е намалена на 365,2425 дена (365+97/400 = 365,2425 бидејќи има 97 престапни години на секои 400) што дава грешка од 365,2425 – 365,2421890 = 0,00031 ден ≈ 26 секунди. Тоа значи дека оваа грешка ќе се акумулира на еден ден за 1/0,00031 ≈ 3225 години, т.е. нешто покусо бидејќи со текот на времето должината на траењето на соларната година се намалува, а грешката се зголемува.

Разликата меѓу Грегоријанскиот и Јулијанскиот календар е таа што Грегоријанскиот календар има 97 престапни години во секои 400, а Јулијанскиот 100. Во Грегоријанскиот календар воведено е т.н. Секуларно правило годините деливи со 100 или секуларни години да бидат прости, освен ако се деливи со 400, а во тој случај се престапни. Тоа значи дека годините 1700, 1800, 1900, 2100, итн, да се престапни по Јулијанскиот, а прости по Грегоријанскиот календар. Денес разликата меѓу двата календара изнесува 13 дена, а по 2100 година ќе се зголеми на 14 дена (што значи дека православниот Божик од тогаш ќе биде на 8 јануари).

Своевремено постоел предлог на британскиот астроном Џон Хершел да се воведе 4000 годишното правило, според кое секоја година делива со 4000 би била проста наместо престапна, со што просечната должина на траењето на годината ќе се намали на 365 + 969/4000 = 365,24225 дена, што е поблиску до тропската година, но овој предлог никогаш не бил прифатен. Со воведувањето на Грегоријанскиот календар, календарската година е приближена на тропската најмногу до тогаш.

Кога папата Гргур во 1582 година го вовел новиот календар, него веднаш го прифатиле Италија, Полска, Португалија и Шпанија, а набрзо и сите други католички земји. Протестантските земји преминаа на Грегоријанскиот календар многу подоцна, а православните дури во 20 век, со тоа што православните цркви никогаш не преминаа на овој календар. БРОЕЊЕ НА ГОДИНИТЕ Во христијанскиот календар годините денес се бројат од (претпоставената) годината на раѓање на Исус Христос. Во 523 година папскиот намесник Бонифицие наредил на монахот Дионизиј Мало да го одреди начинот како ќе се спроведува т.н. Александринско правило донесено на првиот васељенски собор во Никеја во 325 година, а кое вели дека годините ќе се бројат од раѓањето на Исус Христот. Дионизије (погрешно) пресметал дека Исус е роден на 25 декември во 753 година од основањето на Рим и одредил христијанската нова ера да почне на први јануари во 754 година која е наречена 1 година од новата ера. Како Дионизије го установил денот на раѓањето на Исус не е познато, но се претпоставува дека Исус е роден во време на владеењето на царот Ирод Велики кој умрел во 750 година од основањето на Рим, што значи дека Дионизије погрешил за најмалку 3 години.

Иако ова набрзо било откриено, ваквото погрешно броење на годините се задржало до денес. Со оглед на тоа дека христијанската ера почнува од (наводното) раѓање на Исус Христос, на прв поглед изгледа нелогично дека тој е роден на 25 декември, а не на 1 јануари. Меѓутоа, тоа е нормално бидејќи во тоа време бил одреден денешниот распоред на месеците и бројот на деновите во нив, и би било нелогично да се поместуваат.

Подоцна луѓето годините пред раѓањето на Исус почнале да ги нарекуваат години пред новата ера, но бидејќи нулата до тогаш се уште не била позната, 1 година од новата ера следи веднаш по 1 година пне.

Јулијанскиот календар бил воведен во 45 година пне, но кога во денешно време се зборува за датумите пред оваа година, нормално е Јулијанскиот календар да се продолжи наназад. Ова се нарекува Пролептички Јулијански календар. Во пролептичкиот Јулијански календар престапни се сите години пне, кои при делење со 4 даваат остаток 1 поради непостоење на 0 година. Исто така, постои и Пролептички Грегоријански календар кој се однесува на датумите од пред 1582 година. За да не дојде до забуна, пролептичкиот Грегоријански календар ретко се користи, наместо него за сите датуми до 4 октомври 1582 година се користел Јулијанскиот, а од 15 октомври 1582 година Грегоријанскиот.

Бидејќи сите земји не преминале на Грегоријански календар во 1582 година, често некои датуми и по оваа година се пресметуваат по Јулијанскиот календар, ако наведената земја во тоа време се уште го користела. Кога на пример се вели дека Октомвриската револуција почнала на 24 октомври 1917 година, тоа се однесува на Јулијанскиот календар, додека според Грегоријанскиот календар тоа би било на 6 ноември 1917 година. НОВА ГОДИНА Кога Гај Јулије Цезар го вовел Јулијанскиот календар, 1 јануари го одредил за почеток на нова година наместо 1 март кој се користел до тогаш. Бидејќи црквата остро се противела на прослави за нова година со многу алкохол, на Тридентскиот каунсил во 567 година, било утврдено 1 јануари како почеток на нова година дека е земен по грешка и дека треба да се промени. Во текот на средниот век биле користени различни датуми како почеток на нова година. Ако на пример, некој документ се однесува на годината ИКС тоа според денешен систем може да биде: 1. март X. – 28/29. февруари X+1 година 1. јануари X – 31. декември X година 1. јануари X-1 – 31. декември X-1 година 25. март X-1 – 24. март X. година 25. март X. – 24. март X+1 година 25. декември X-1 – 24. декември X. година Во Византиското царство почетокот на годината се сметал од 1 септември, но годините не се броеле од раѓањето на Исус, туку од настанокот на светот, за кој се тврдело дека бил на 1 септември во 5509 година пне. Од 17 век многу држави се вратиле на почетокот на годината на 1 јануари, освен Италија и Англија кои на 1 јануари се вратиле дури во 1750 година. Меѓутоа, кога се во прашање престапните години, тие секогаш се пресметувале земајќи го 1 јануари за почеток на годината. СОНЧЕВ ЦИКЛУС, ЗЛАТЕН БРОЈ И ИНДИКАЦИИ

Секоја година во еден сончев циклус има свој соларен број кој се добива со следната равенка: Сончев број = (година + 8) мод 28 + 1

Секоја година има и свој Златен број: Врската меѓу месечевите мени и датумите се повторува во период од 19 години (19 x 365,24219 ≈ 235 x 29,52052 т.е. во 19 тропски години одат 235 синодички месеци), така да секоја година во тој период има свој златен број кој се добива на следниот начин: Златен број = (година мод 19) + 1

Индикцијата е користена во средниот век за да се означи место на годината во 15 годишниот циклус на собирање на даноците. Ја вовел императорот Константин Велики на 1 септември во 312 година и била користена до 1806 година. Индикцијата нема никакво астрономско значење, а се пресметувала на следниот начин:

 Индикција = (година + 2) мод 15 + 1 Овие три броеви се карактеристични за секоја година и се важни во разни пресметувања, посебно за пресметување на датумите на христијанскиот празник Велигден. ЈУЛИЈАНСКИ ПЕРИОД И ЈУЛИЈАНСКИ ДЕН Јулијанскиот период и Јулијанскиот ден не смеат да се мешаат со Јулијанскиот календар. Францускиот научник Џозеф Јустус Сцалигер (1540-1609) сакал да направи нов систем за броење на годините во кој секоја година ќе има свој број, без нова ера или пред новата ера пне. И така го измислил Јулијанскиот период наречен по неговиот татко Јулијус Цезар Сцалигер (1484-1558). Сцалигеровиот Јулијански период почнува на 1 јануари во 4713 година пне и трае до 7980 година, по која повторно се почнало од првата. 4713 година пне била земена бидејќи нејзината индикација, златниот и соларниот број биле 1. Тие повторно ќе бидат 1 по 15 x 19 x 28 = 7980 година, т.е. 3268 година во новата ера. По сличен принцип астрономите го измислиле и Јулијанскиот ден (ЈД) за на секој ден во еден Јулијански период да го доделат единствениот број. ЈД 0 почнува во 12:00 УТЦ на 1 јануари во 4713 пне и трае до пладне на 2 јануари 4713 пне. Така на 1 јули 2003 година во новата ера, на пладне почнува ЈД 2452882. Често се користат и децимали па 15:00 УТЦ 1 јули 2003 може да се означи како JD 2 452 882,125. За да се пресмета Јулијанскиот ден се користи следниот алгоритам (делењето се однесува на броевите, остатокот се занемарува): Се добива Јулијански ден кој почнува на наведениот ден на пладне. Ако се сака да се пресмета ЈД за датум пне, годината прво мора да се претвори во негативен број, на пример 1 година пне е еднаква на 0; 10 година пне е еднаква на минус 9. За да се пресмета на кој датум одговара дадениот Јулијански ден, се користи следниот алгоритам: За Грегоријанскиот календар: а = ЈД + 32044 б = ( 4а + 3 ) / 146097 ц = a – (146097б)/4

За Јулијанскиот календар: б = 0 ц = ЈД + 32082

Понатаму, за двата календари: д = (4ц + 3) / 1461 е = ц – (1461д)/4 м = (5e + 2) / 153 ден = e – (153м +2 )/5 + 1 месец = м + 3 – 12 x (м / 10) година = 100б + д – 4800 + (м / 10) Понекогаш се користи и Модифициран Јулијански ден МЈД кој е за 2400000,5 помал од Јулијанскиот ден. Со тоа се добиваат броеви кои се помали и полесни за пресметување и МЈД почнува на полноќ, а не на пладне. МЈД 0 почнал на 17 ноември во 1858 година според Грегоријанскиот календар во 00:00 УТЦ.

Јулијанските денови и Модифицираните Јулијански денови се многу корисни за астрономијата, посебно за астронаутиката. Освен Јулијанските, постојат и Лилијански денови ЛД, кои се бројат од полноќ на 15 октомври 1582 година (= LD 1). Наречени се по веќе наведениот астроном Алоисисус Лилиус.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести