Италијанец од градот Албосаги во провинцијата Сондрио, во пресрет на Бадник, случајно фрлил два плика со вкупно 2.000 евра во корпа за отпадоци, но дежурните работници од компанијата за собирање отпад му помогнале и ги пронашле во куп ѓубре.
Парите биле подарок од баба му и дедо му за неговиот роденден и Божиќ на неговата 10-годишна ќерка, 1.500 евра во првиот и 500 во вториот плик.
„Кога ги побарав пликовите за да ги однесам во банка, сфатив дека ги нема. По грешка ги фрлив во ѓубре“, рече тој потенцирајќи дека навреме ја забележал грешката и отишол во фабриката за преработка на отпад „Цедраско“.
Менаџерот, наредил содржината на камионот да се истовари во еден агол од дворот на фабриката а двајца работници почнале да ги бараат два плика. После неколку часовна потрага пронашле еден од пликоата со 1500 евра а подоцна и вториот плик со 500 евра.
Од компанијата посочуваат дека вакви случи имаат редовно при нивната работа.


