Емисијата “Veče sa Ivanom Ivanovićem” во петок нема да биде емитувана и за понатаму е симната од програма, дознава Курир.
-Од добро информирани извори дознаваме дека емисијата е симната одпрограмската шема после судирот со Драган Вучичевиќ уредникот на весникот Информер како и поради исмејувањето на престедателот на Србија Томислав Николиќ.
– Дојде до судир во врвот на TV Prva. Иван Ивановиќ после расправијата со првите луѓе на оваа телевизија е симнат од програмата и неговата емисија нема да се емитува. Лично сопственикот на TV Prva барал емисијата да се симне од програма – дознава Курир.
Во минатата емисија на многу непристоен начин се исмејувани Томислав Николиќ и неговата сопруга Драгица.
Водителот Иван Ивановиќ во јуни 2013 година го продолжи догвоворот со ТV Prva на уште три години.
Погелднете го гостувањето на Иван Ивановиќ на TV N1


