Почитувани граѓани, драги пријатели,
Сакам, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на сите вам да ви се заблагодарам за мирниот, достоинствен и демократски избирачки процес со кој ја направивме горда, нашата Македонија.
Довербата која ни ја дадовте и одговорноста која ни ја врачивте ќе бидат нашите основни мотивирачки сили, секој нов ден во нашата заедничка иднина.
Минатите 11 години ги оставаме зад себе, не се навраќаме, со тоа нека се занимаваат историчарите и засегнатите институции, а ние заедно со вас ќе ги отвораме перспективите на нашата држава.
Вие, вчера избравте Живот во Македонија за сите, а ние веќе од денес постветено и макотрпно ќе работиме час поскоро да ја исполниме таа наша мисија.
Ви честитам!
Фејсбук статус на Александар Кирацовски


