Издадена забрана за капење и пливање во битолската акумулација „Стрежево“

Јавното претпријатие „Стрежево“ издаде забрана за капење, пливање и задржување во истоимената вештачка акумулација.

Одлуката за строга забрана за капење во објектите на хидросистемот е донесена поради опасност по живот од нагло полнење и празнење на системот и опасност од вшумукување во цевководот.

Од ЈП „Стрежево“-Битола во јавно соопштение до јавноста нагласуваат дека нема да одговораат за евентуални несреќи, повреди или последици кои може да настанат од непочитување на строгата забрана за капење и пливање во акумулацијата Стрежевско Езеро. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести