Изгаснат пожарот во Домот „25 Мај“ во Скопје, нема повредени

Пожарот што попладнево избувна во Домот за деца „25 Мај“ во Скопје е изгаснат и не е дозволено негово проширување од вториот кат кон покривот, изјави командантот на Противпожарната единица Благоја Менковски. За избивањето на пожарот било јавено во 16.45 часот и во неговото гаснење интервенирале осум противпожарни возила.

–  Беше зафатена површина од 25 до 30 метри квадратни. Пожарот е навремено изгаснат. Нема повредени пожарникари и деца во Домот „25 Мај“, рече Менковски. 

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести