Изгаснат пожарот во центарот на Скопје

Целосно е изгаснат пожарот што претпладнево го зафати станот на улицата „Димитрија Чуповски“ бр. 21, на 11 кат, до гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во центарот на Скопје.

Како што потврди Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, во гаснењето учествувале над 20 пожарникари и девет противпожарни возила.

Пожарот го пријавиле граѓани и се интервенирало во 11 часот и 40 минути.

Се уште не се познати причините поради кои избувнал и колкава е штетата.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести