Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење

Изминатиот викенд во редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1363 издадени платни налози дури 183 прекршоци се однесуваат на возачи кои учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.

Како што денеска соопшти МВР, истовремено 67 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 101 возач на мотоцикл е санкциониран за неносење на заштитна кацига.

– Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата  389 прекршоци во текот на викендот се однесуваат за возење со брзина поголема од дозволената, 198 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани 79 возачи за некористење сигурносен појас. Изречени се 30 мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за минување на црвено светло, соопшти МВР.

Исто така согласно Законот за возила, 52 возила биле отстранети поради тоа што биле нерегистрирани, а седум возила за техничка неисправност.  

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести