Црвот на сомневањето ги гриза и двата партнериво врска и ги тера на поголема контрола врз другиот. Жените повеќе се склони кон „душкање“, но според најновите истражувања дури 60 отсто од нив не би го напуштиле својот сопруг дури и ако откријат дека се измамени.
Вкупно 36 отсто жени и 24 отсто од мажите се убедени дека биле измамени од саканата личност, а многумина од нив одлучиле да проверат дали нивната љубомора има основа. Сепак, повеќе од половината од учесницитете во студијата спроведена од страна на адвокатската фирма „Слејтер и Гордон“, признале дека тие не пронашле ништо што би ги оправдало нивните сомневања.
Повеќето од жените почнаале да ги проверуваат партнерите по промената во нивното однесување или поради „женската интуиција“, додека мажите изјавиле дека се посомневале бидејќи нивните блиски биле отсутни подолго време или го избегнувале сексот. Секоја десетта жена се јавувала во канцеларијата на нејзиниот сопруг, за да провери дали тој е навистина таму каде што кажал дека е, а секоја шеста ја проверувала „историјата“ на неговиот компјутер.
Сепак, дури и ако најдат докази дека партнерот ја изневерува, шест од десет жени изјавиле дека нема да го напуштат сопругот. Дури 70 проценти од жените своето откритие ќе го зачуваат за себе. Секој петти испитаник признал дека по откривањето на прељубата станал параноичен, депресивен, а „откриетието“ значително влијаело на неовата општа душевна состојба и здравјето.
-Во 90 отсто од случаите на парови кои доаѓаат кај нас и бараат развод, главниот проблем е довербата во блискиот. Понекогаш имаат причина за своите сомнежи, но главниот проблем за завршувањето на брачниот живот е токму недостатокот на доверба. Без доверба, луѓето може да бидат многу несреќни, изјавила адвокатката Калил Анвар.
Според нејзиното искуство, кога еднаш ќе ја снема довербата, настапуваат сомневањето и паранојата.
]]>


