Израелската армија денеска повторно ги повика жителите на неколку населби во јужниот дел на Бејрут да се евакуираат, предупредувајќи за нови напади врз проиранската група Хезболах по вчерашните смртоносни бомбашки напади.
– Итно предупредување до жителите на населбите во јужен Бејрут. Израелската армија ги продолжува своите операции и напади врз воената инфраструктура на Хезболах во јужните предградија, објави портпаролот на израелската армија, полковник Авихаи Адраех, на платформата Икс.
Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе продолжат нападите врз Хезболах „секаде каде е неопходно“.
МИА


