Израелската армија ракетирала објекти за производство на балистички ракети во Техеран

Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта извршила напади врз објекти за производство на балистички ракети и системи за противвоздушна одбрана во Иран.

Според соопштението, во Техеран биле погодени инфраструктура и објекти за производство на оружје, при што приоритет на нападите биле капацитетите за балистички ракети.

Во западниот дел на Иран, израелските сили погодиле и лансирни системи и складишта за балистички ракети кои, како што се наведува во соопштението што го пренесуваат израелските медиуми, „претставуваат закана за државата Израел“.

МИА

Најчитани вести