Израелски медиуми: Најмалку една балистичка ракета лансирана кон Израел, Иран го прекрши примирјето

Најмалку една балистичка ракета беше лансирана од Иран кон Израел, со што Техеран го прекрши примирјето, објавија израелските медиуми.

Ракетата веројатно била пресретната, а нема извештаи за удари или евентуални повредени, објави „Тајмс оф Израел“.

Претходно, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека детектирале ново лансирање балистичка ракета од Иран, еден час откако Израел потврди дека се согласува со примирје.

Сирени се огласија во северен Израел.

МИА

Најчитани вести