Изречени 99 санкции за брзо возење

 Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 199 возачи.

Од нив, како што информираат денеска од МВР, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 79 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Најчитани вести