Извлечени осминафиналните двојки во Лигата на шампионите

Во Нион, Швајцарија, седиштето на Европската фудбалска асоцијација – УЕФА денеска беа извлечени двојките за осминафиналната рунда во Лигата на шампионите.

Бранителот на трофејот Баерн Минхен ќе одигра двомеч со премиерлигашот Арсенал, а во втората мега-пресметка се среќаваат Манчестер Сити и Барселона.

Двојки за осминафиналето во ЛШ:

Шалке – Реал Мадрид,
Зенит – Борусија Дортмунд,
Галатасарај – Челзи,
Баер Леверкузен – ПСЖ,
Милан – Атлетико Мадрид,
Олимпијакос – Манчестер Јунајтед,
Манчестер Сити – Барселона и
Арсенал – Баерн Минхен.

Првите натпревари ќе се одиграат на 18 и 19, 25 и 26 февруари, а реваншите се закажани за 11,12, 18 и 19 март.

Најчитани вести