Јади и сакај се себе си!

Maргарета Весна го освои Балканот со својата книга ПРЕСНА ХРАНА во која донесе една сосема нова филозофија на живеење и исхранување на себе си. Нејзините торти, колачи и се друго станаа хит во Белград, слатки се, преубави и можат до бескрај да се јадат а да не влијаат лошо врз телото. Замислете си, јадете торта, колку сакате а витки сте. Сон на секој човек. Е тоа го постигна Маргерета Весна воедно и предавач на методата и алатките ПРИСТАПУВАЊЕ КОН СВЕСНОСТА или Access consciousness. Македонската публика ќе може да ја запознае одблиску на нејзините работилници кои ќе се одржуваат во Скопје од 25 -29 мај.

Еве ја нејзината животна приказна и сознанијата до кои дошла менувајќи се себе си.

Еве го и нејзиниот фејсбук за сите оние кои сакат повеќе да ја запознаат.

https://www.facebook.com/margareta.vesna?fref=ts

 

  1. Што е свежа храна и како таа се разликува од обичната секојдневна исхрана?

Свежа храна или природната храна се интегралните намирници, овошјето и зеленчукот. Ние тука зборуваме за свежата и билната храна. Пресна- подразбира начинот на обработка – каде што нема термичка обработка или таа е најмногу до 45 степени, а билната продразбира дека не се употребуваат намирници од животинско потекло. Се искористува комплетната овошка и зеленчук, разни семки и орешасти плодови онака како што тие доаѓаат од природата, од дрвото или од градината.  Тоа ние веќе го јадеме- јадејки овошје и салати ние јадеме свежа билна храна само прашање е во која мерка тоа го правиме. Пожелно е тие намирници да се воведуваат во секојдневната исхрана, што е можно повеќе и тоа секој ден. Нека барем еден оброк на ден биде од билна храна која не е обработена, освен со нашите заби и системот за варење. Хекоја намирница да ја наречеме храна, таа мора да ги задоволи следните критериуми, да биде примамлива за нашите сетила- вид, мирис и вкус, да биде лесно достапна  до нашите дланки- да можеме да ја обработиме само со оние апарати што сме ги добиле од раѓање, нашите раце, заби и дигестивниот систем. На крај, а можеби и најважно- намирницата која е храна за нас, мора да биде лесно прифатлива на клеточно ниво! Се во природата има нутритиенти, но не се користи се за исхрана. Храна е само она што е лесно достапно, лесно сварливо и да се прима од нашите клетки. Се што нашиот организам не е во состојба да апсорбира- не е храна за нас. Всушност разликата меѓу пресната храна и обичната храна нема. Или е храна или не е храна- а храна е само она што апсорбираме, што нашите ќелии можат да прифатат. Тоа не исхранува без оглед кое име да го носи.

 

  1. Која е филозофијата на таков начин на исхрана и што се добива а што се губи на тој начин на исхрана?

 

Во пресната и целовита храна, се задрзани сите ензими кои се извор на животот и фонтана на младоста. Сите витамини, минерали, протеини-сите макро и микро нутритиенти сочувани во својота изворна форма, и само такви нашето тело може да препознае како храна. Се друго е тежина за телото. Што твоето око не препознава како храна, нема да го препознае ни твојот стомак. Термички обработената, пржена, солена храна го дехидрира нашето тело и го прави кисело. Благодарение на свежата, целовитата храна, овошје и зеленчук, нашето тело успешно ја одржува алкалноста на организмот. Ако јадеме премногу намирници кои создаваат киселина во телото, а тоа на прво место е месото, млекото и мечните производи, тестото, белиот шекер и брашното, тогашнашето тело ги *краде* минералите од нашите коски и органи, како би направило баланс и успеало да создаде баланс и да ја одржи пХ вредноста во крвта на 7.4. Ако јадеме храна која создава алкална средина во нашето тело, а тоа е свеж зелен зеленчук, зелена салата, спанаќ, блитва, бадеми, хељда, сочно овошје, лимун, јаболки, тиквици, и сето друго овошје, а сето тоа без термичка обработка- кога јадеме таква храна, нашето тело со леснотија и на природен начин одржува пХ баланс во крвта, што е предуслов да останеме живи. Пожелно би било да се јадат 80% од намирниците кои создаваат база во телото и евентуално 20% е дозволено од оние кои го закиселуваат. За илустрација ако изедете парче месо од 100 грама, потребно ви е 2 кг. Зелена салата за да се откисели телото. Не постои здрава и нездрава храна- ако е храна тогаш е здрава, ако не е здрава тогаш не исхранува.

Што се губи а што добива? Кога ќе започнете да се да внесувате барем 50% од оброците како пресна храна  во текот на денот, тогаш губите масни наслаги, прекубраните килограми, болките во зглобовите, токсините и уште многу крупни и ситни здравствени проблеми.

 

Добивате виталност, енергија, животна радост, желба за работа и леснотија во телото. Добивате здравје, можете да си го продолжите животот во радост и леснотија. Важно е да кажеме дека таквата храна, освен што е многу здрава иподржувачка за телото и целосното битие, таа е исклучително вкусна. Сите традиционални рецепти може да ги направиме во пресна варијанта.

Правиме превкусни торти кои можете да ги јадете без грижа на совеста. Тие содржат само овошје, бадеми, ораси и други плодови и природни зачини. Тие немаат глутен, шеќер, транс маснотии и лактоза. Така што осен здравје и виталност, уживате навистина во убави вкусови, лесно варење, добро спиење и уште поубаво будење.

  1. Дали отсекогаш сте се хранеле така?

https://www.youtube.com/watch?v=GPEYQOSWvGM&feature=share

Кога се раѓаме сите се храниме така. Ако имаме среќа да јадеме и приеме мајчино млеко, го започнавме својот живот со природна исхрана. Усте како дете јадев многу овошје, ми беше достапно и сакав да го јадам. Пиев изворска вода и времето го минував во природа. Подоцна кога се вработив, тоа се промени о почнав да живеем *нормално како останатите луѓе*- почнав да јадам по пекари, плус кафе, цигари, вештачкин слатки…се здебелив, ин кожата ми беше покриена со промени од псоријаза. Откако така се здебелив толку што тоа почна многу да ми пречи за активностите кои ги имав, сфатив дека морам а прво место да ја менувам својата исхрана. Започнав да се присеќам дека како дете тежнеев кон природната исхрана и тогаш се прашував зошто луѓето го јадат тоа што го јадат и како знаат што е тоа што е добро за нив? Го добив одговорот низ себе, своето искуство.  Сите ние знаеме што е правилно за нас, со тоа знаење се раѓаме. Но со текот на процесот на растење, тоа знаење го потиснуваме и се прилагодуваме на ситемот. Можам да кажам дека се сетив на знаењето со кое сите доаѓаме. Ова не е ништо ново. Само добиена е нова форма низ рецептите кои ги подготвуваме- суштината е иста. Природната храна е тоа што е. Расне во градините и на дрвјата. Наше е да го освестиме сето тоа и да јадеме што повеќе оптимална храна- по наједноставниот и ннајприродниот принцип…бери и јади. Ако ме прашате дали секогаш така сум се хранела- одговорот е НЕ…дали отсекогаш тоа сум го знаела ДА, знаев, само требаше да го спроведам тоа во секојдневниот живот.

  1. Како дојде до промената и како ја поднесовте?

Мојот пресврт беше моето здавје, потожно зголемената тежина со која не успеав да живеам и да се справам. Посакував витка линија и леснотија во телото. Промените ги воведував постепено и умерено, па некако лесно ми одеше. Не постоеше отпор дека несто *не смеам* или дека нешто *морам*. Си дозволував телото само да го отфрли она што не му користи. Едноставно воведував повеќе овошје и зеленчук во секојдневната исхрана, и телото започнува да бара се повеќе и повеќе а се друго едноставно почнува да отпаѓа. Тоа е еден спонтан процес. Потребно е повеќе препуштање на тој процес и доверба во своето тело кое е самоисцелувачки и самообновувачки организам. Се што ние треба да направиме е да му се тргнеме од патот. Да го пустиме телото да го прави она за што е дизајнирано. Нашето е само да му дадеме оптимални услови- а тоа на прво место е оптимална храна, вода, возздух, движење и телото доаѓа во хомеостаза-равнотежа.

  1. Што е резултатот?

Резултат-многу повеќе енергија, одлично расположение, желба за работа  и активност, креативност, повеќе свесност, животна радост. Леснотија во телото, во стомакот, виталност, здравје….Рамнотежа на сите нивоа на моето битие. Мојот личен резултат во тој период на трансформација е 20 килограми помалку, ми исчезна псоријазата, и сите оние ситни тегоби за кои сметаме дека мораат да ни се случат, со кои учиме да живееме, со болките, опстипацијата, киселините во стомакот и некои слични *ситни нешта*.  Ако во овој момент имате добро здравје, енергија, животна радост- само продолжите да го правите тоа што го правите . Ако пак ви недостасува сето тоа, прашајте се, што можам да сменам како би се чувствувал подобро и како би ја живеел својата автентична радост во леснотија. Резултатите се единствен показател дали е добро тоа што го правите.

  1. Колку се буди свесност со таков начин на исхрана?

 

Начинот и изборот на храната што ја правиме влијае на целокупното битие- па ако храната влијае на нашата психа, на нашите емоции и влијае и конечно на нашата свест.

 

Свесноста е еден од најважните резултати со промената на начинот на исхрана, Нашето тело се чисти од отрови и се бистри нашиот ум. Тоа е едноставно, и секој од нас го почувствувал тоа повеќе пати. Сите знаеме како алкохотот може да го помати нашето размислување, дрогата исто така….и тоа на сите ни е јасно. Дали ни е јасно дека и храната така делува. Затоа што и храната е еден вид дрога, некои имаат и седативно дејство (житарките) а некои не прават восхитени ( чоколадото, кафето). КОга телото ќе се исчисти од дотатоците во храната кои од надвор влијаат на нашиот ум, расудување, доаѓаме до состојба на покачена свесност и свеста ни е чиста. Многу денес се зборува за просветлувањето и за просветлените учители. Сто е просветлувањето ако не е целосна свесност?!

 

  1. Вие исто така сте и предавач ( како да го наречам тоа) методата на пристапување на свесноста.

Access Consciousness, во претод Пристапување кон свесноста е метода чии техники водат кон тоа-што повеќе да се освестиме себе си, своето тело, сопственото постоење, својот живот а после тоа и светот околу себе. Во Accessovim методи има многу алатки и техники- кои воглавном се состојат од телесни и вербални процеси како и одредени прашања. Еден од тие процеси се вика BARSA. Barsi се 32 точки на главата и со нивно активирање, на енергетско и физичко ниво и на секое друго видливо и невидливо ниво, ние отвораме центри и делови на животот каде што посакуваме баланс и оптимално функционирање во радост и леснотија. Барс точките активираат центри за подмладување, за изобилство и пари, креативност, мир, оздравување и усте многу други нешта. Се ослободуваме од стравовите и тогаш се случува опуштање, елиминирање и бришење на на непотребните содржини кои ни пречат во развотокот и растежот. Исто така се бришат и некорисните одлуки од иднината, кои сме ги донеле во минатото за иднината. Се бришат непотребните уверувања и предрасуди. И навистина тогаш доаѓаме до празен ум и тогаш се појавува свесноста. Тогаш добиваме јасен увид. Јасно ги согледуваме работите. Мораме да ги измиеме прозорците за да го видиме убавиот сончев ден.

Access иBarsi не отвораат кон примање на се она што е најдобро за нашиот живот. Ако работиме третмани врз себе си и на другите, ние се отвораме се повеќе кон  подароците кои ги спремил за нас Универзумот.

  1. Што значи свесен човек?

Свеста прифаќа се и не суди ништо. Свесен човек се прифаќа и на ништо не му суди. Свесност е согледување на се она што е, примањето на енергијата, вистината, леснотијата и тежината. Би го менувала целото свое животно искуство за потполна свесност. Тогаш нема очекувања и секогаш сме изненадени. Како деца сме. Прифаќаме се и не судиме ништо. Многу луѓе ги градат своите животи на темел на искуствата. Што ако го градиме својот живот од момент до момент врз база на свесност? Каков живот тогаш би имале. Еве една илустрација низ храната што е и темата на разговоров. Имаш искуство каков е вкусот на чоколадото, Кога ќе гризнеш парче чоколада, имаш одредени исчекувања каков вкус ќе има, каков вкус ќе има и што ќе добиеш како резултат. Што ако не би имал искуство за вкусот и ефектот на чоколадото? Не би имал ниту очекувања. А штп ако би имал чиста свесност во тој момент? И првиот гриз на чоколадото, без очекување, со потполна свесност за тоа што јадеш- тогаш твоето цело битие знае дали тоа навистина е ДОБРО за тебе во тој момент. Ако би ти се допаднало, секогаш пријатно би бил изнанаден со вкусот и ефектот, Свесноста подразбира неутрална состојба на умот, свесноста не ги дели и карактеризира луѓето и појавите на добро-лошо, позитивно-негативно, Свесноста знае дека само Е. Неутрална позција од која е возможно да се согледа што е вистината и леснотијата.

  1. Која е суштината на методата?

Како што од својот систем ја *отпуштаме* храната која ни штети,, па се чувствуаме подобро психички и физички, добиваме леснотија во телото, така можеме и да ги отпуштиме мислите кои ни се штетни, емоциите и целиата онаа друга содржина кој ни дозволува да напредуваме и да се развиваме како битија. Работејќи го третманите на Барс, потоа има еден третман кој се вика Мтвсс како и вербалните чистења и прашања, ние ја опуштаме таа непотребна содрчина и едноставно нашиот ум и душа се разбиструва и влегуваме во поле на чиста свесност која е суштината на животот- а кон тоа не води оваа метода- кон живот во радост, леснотија и изобилство. Но свесноста не треба да стане сама за себе цел. Таа е само начин и пат. Да се живее живот во прашање а не во заклучок. Кога имаме свесност согледуваме безброј можности, од обилството на можностите го правиме својот избор. Изборот го креира нашиот живот.Што се е потребно да направиме да бидеме во потполна состојба на Радост и Леснотија? Значи тоа е суштината на оваа метода.

Камелија Шојлевска

 

Најчитани вести