Јавноста на нозе, социјалните межи зовреа – критики за Димитриевска Кочовска за навредите упатени кон Петровска

Навредливи тонови, остри реакции, барање за оставка, мизогинија, објаснување кој е во право, а кој погрешно разбира? Зовреа социјалните мрежи за опасниот наратив по критикиките и навредите од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска упатени кон пратеничката Славјанка Петровска.

Според министерката за финансии, опозицијата решила од ова да се направи тема, бидејќи додека дискутирале во Собранието немало реакции. Порача темата да се затвори.

„Предмет сум на лажни изјави и соопштенија по социјалните медиуми веќе со месеци, во ниту еден момент не слушнавте да излезам и да се пожалам за нешто. За мене оваа тема е затворена, секој има право и ги повикувам да си ги искористат своите права и да видиме кој бил во право, кој не бил во право и кој се трудел да дефокусира или да користи злоупотреби и лажна терминологија.“ – Гордана Димитриеска-Кочоска министерка за финансии.

Пратеничката Петровска во вчерашното гостување на „Анализа“ посочи дека ситуацијата ескалирала и отишла предалеку, а според неа министерката имала намера да ја потцени и дискриминира затоа што нема семејство и деца. Најави дека ќе поднесе претставка до Комисијата спречување и заштита од дискриминација.

„Во моето прашање имаше два клучни елементи-тоа беше дали некој со плата од над 100 000 денари треба да ни кажува каков грашок треба да јадат граѓаните. Реков зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржаа законот за намалување на патните трошоци. Тоа беше моето пратеничко прашање. Дали јас добив навреда-јас не ја примив навредата. Дали беше намерата да бидам навредена и омаловажена затоа што немам семејство и немам деца-апсолутно да. Реакциите кои следуваа на јавноста, не само на СДСМ е тоа што всушност го вознемири ВМРО -ДПМНЕ затоа што видоа дека работата отиде предалеку.“ – Славјанка Петровска претеничка на СДСМ.

Сопартиијците на пратеничката Петровска застанаа зад неа и ја поддржаа. Побараа оставка од министерката за финансии.

„Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена, не може да зборува семејство само затоа што нема деца тогаш тоа не е само навреда. Тоа е удар врз достоинството на сите нас. Тоа е ароганција, дискриминација, тоа е нечовечност.“ – Јована Тренчевска СДСМ.

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши пак потенцира дека политичките ставови можат да се искажат без меѓусебни навреди.

„Веќе разговараме за носење на нов етички кодекс кој сакаме да го подобриме и да го почитуваме. Ќе работиме во надградба на зголемување на политичката културата. Вчерашните настаните не се добри за Собранието и не зборува добро за нас.“ – Африм Гаши претседател на Собрание на РСМ.

Според невладините организации наративот на министерката директно влијае и на жените на јавни функции и го минимизира проблемот на и онака малото учество на жените во политиката. Посочуваат дека овој потег укажува за распространетоста и толеранцијата на родовата дискриминација, со цел да ги понижи жените и загрижува тоа што доаѓа директно од министерка и од законодавниот дом, место каде законите што се носат и реториките што се употребуваат влијаат на сите жени во ова општество. Да се сведе улогата на една жена само на „мајка“, а притоа да не се адресираат и решаваат проблемите на жените кои се позасегнати е крајно непочитување и игнорантски пристап.

извор: 24.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести