Јоци: Прикаската за вмровците, кои уште како мали сонувале да живеат на Водно

За неупатените за денешната „бомба“, бидејќи урбанизмот знае да биде многу чуден и нејасен, еве-јас ќе ви упростам.
Ќе почнеме од тоа дека улица Питу Гули каде лицето Н:Г, посакало да гради згради во заштитен појас на парк-шумата, на ВМРО-ДПМНЕ не и’ е судена („ОВОЈ“ Питу Гули, според Бети).
Тоа е онаа улица која поминува покрај американската резиденција и потоа се дели угоре, кон падините н Водно, а другиот дел продолжува кон маркетот во населбата.

Зошто не и е судена ? Бидејќи на оваа улица сакаше куќа да гради и Љубчо, на Питу Гули број 7, новинарите (меѓу кои и јас) го откривме, тој престана со градење, ја префрли куќата на оф шор фирма, глупаците во Катастар фалсификува документи за да го исчистат, а потоа падна од власт и во затвор отидоа пет-шест луѓе, сосе директорката.
Н.Г исто како него, повторно се вратил на „местото на злосторот“. Овојпат малку погоре-над куќата на Панчев, каде е брдо (оттаму идејата за потпорен ѕид, исечи брдото стави ѕид). И секако попаметен од Љубчо, на кого куќата му се водеше на име на сестрата на жена му.
За потребите на новите станари улицата Питу Гули требало да се продолжи нагоре (новопроектирана) и тоа се гледа јасно на скицата.

Проблемот било тоа што во Генералниот план на Скопје (ГУП) во тој појас се водело зеленило, лозје, и тоа заштитено зеленило-онакво кое не смее да се чепка. Секако, кога си власт, си правиш што сакаш.
Планот (ГУП) мора прво да се смени прво кај Коце (тој е нарачател), да помине во Совет на Град Скопје, намената да се смени во „домување“, а дури откако таму ќе се изгласа , може да се изработи детален урбанистички план во Општина Центар. Генералниот план е повисок акт од деталниот план.
Е сето тоа чини време, ко што вели Миле, 5-6 месеци, а во меѓувреме власта се менува во оваа локална самоуправа и за Н.Г. тоа е вистински проблем.

Вториот дел од прикаската е локацијата кај хотел „Панорама“, таму може да се гради, но објектот во планот е со помала висина, а тоа значи помалку пари. Оттаму притисокот за измена на планот во десеткатница.

Ете тоа е накратко прикаската за вмровците, кои, уште како мали сонувале да живеат на Водно.

Фејсбук статус на новинарката Јорданка Ивановска – Јоци

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести