Јовановиќ: Ние не сме армија, ние сме луѓе кои се борат за да живеат како што живеат луѓето во Европа

Заев се враќа во политика за да брани малцинства, ако добро исчитувам, напиша во своја Фејсбук објава Ненад Јовановиќ.

“Едно општество за сите” е ангажман, барем како јас на тоа гледам, во кој ќе се бранат сите оние луѓе, без разлика дали се поединци или групи, на кои им се заканува – “во најава” – теророт на Мицкоски.

Не поминавме огромен и пеколен пат за да подпаднеме под иста или слична нацитортура на следните избори како од времето на Груевски.

Научивме: колку повеќе го има Мицкоски и таа негова фамозна и субординирана партија (читај, партија која работи на армиска команда!), толку помалку ќе има место за конкретни луѓе и малцинства. Тамо кајшто нема конкретни луѓе и малцинства, тамо е загрозен самиот фундамент на човечката слобода.

Ние не сме армија, ние сме луѓе кои се борат за да живеат како што живеат луѓето во Европа: слободно, живо, прогресивно

Извор:Frontline.mk

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести