Професорот Јове Кекеновски, во неговиот коментар на Фејсбук реагира на начинот на кој „Сител“ го објаснил транскриптот на имиња во македонската практика.
„Именувањето и транскриптот на имиња од македонски на албански јазик и обратно е пракса воспоставена пред речиси 100 години”…
– Замислете ова е оправдувањето на новинар на ТВ Сител за именувањето на ОУ Конгреси и Манастирит во Чаир. Знаат ли овие срамно инструирани новинари дека според таа логика, ако продолжи таа практика, дека во најблиска иднина Скопје ќе треба да го викаме Шкупи, Кичево – Крчова, Тетово – Тетова, Битола – Монастир и тн. Се срамам од ваквите продадени души и од нивните уредници. Сам што може да си направи Македонецот, никој друг не може да му направи – напиша Кекеновски.


