Љубителите на растенијата овој цвет го сметаат за еден од најубавите, но и со најкраток животен век. Тој е „кралицата на ноќта“.Многу редок бел цвет кој расте главно во Шри Ланка, а само малкумина имаат можност да го видат. Расте во земји со топла клима како Мексико, Венецуела, Тексас.
Туристите обично кога ја посетуваат Шри Ланка имаат најголема желба да видат како изгледа овој цвет и да сведочат на неговата магија.
Кадупул, друго име е за „кралица на ноќта“, и е едно од најретките цвеќиња во светот. Станува збор за цвет чиј живот е многу краток, бидејќи ова растение секоја година цвета само една ноќ.Секоја година, сред лето, овој кактус почнува да цвета по зајдисонце, кога жешките зраци на сонцето се намалуваат.
Кога цветот Кадупул е подготвен да процвета, важно е да бидете на вистинското место во вистинско време за да го доловите магичниот момент. Само неколку моменти по расцутот на Кадупул, неговите ливчиња го менуваат изгледот, речиси како растението да сака да ја сокрие таа убавина од земните суштества пред зори и додека сонцето се разбуди, сè што останува како доказ за големиот спектакл е избледениот цвет. .
Бидејќи кактусот не може да се само-опрашува, растенијата мора да цветаат истата вечер за да се обезбеди опрашување. Колку се поотворени, толку се поголеми шансите за опрашување. Вистинска мистерија за ботаничарите е како растенијата знаат кога да цветаат.
Овој цвет е класифициран како најпосакуваното растение на планетата и никогаш не се купува, а ниту еден цвеќар досега не успеал да направи аранжман со него, бидејќи не може ни да се пронајде.
Поради својата специфичност, ова е едно од најскапите цвеќиња на светот, бидејќи не сме ни сигурни дали ќе цветаат или не, а и да цветаат, се сушат пред да можете да ги соберете.


