Пефкохори се смета за едно од, а можеби и најпопуларните места во Грција ако ги прашате нашите туристи. Еден турист покажа како се движат цените на самиот почеток на сезоната.
На неговата сметка во локалот има неколку артикли. Станува збор за тиквички, грчка салата (12 евра), цацики (5,50 евра), американско кафе (4,40 евра), пиво и вода. Цената на лежалка е 10 евра со обврска за консумирање храна и пијалоци.
На некои места, можно е да добиете бесплатна лежалка со нарачката на пијалоци и храна. Сепак, оваа ставка станува „стандардна“, што ќе ги зголеми вашите трошоци за одмор.
Пред заминување, добијте детални информации за цените на храната и пијалоците. На многумина им се случило цената на лице место да биде повисока отколку што очекувале, објави Мондо.


