Синоќа во 21,20 часот во близина на езерото Младост, униформиран полициски службеник при обид да сопрат патничко моторно возило „Фиат Брава“ со велешки регистерски ознаки, за малку ќе бил прегазен откако лицето кое го управувало возилото на неколку метри од полицаецот го сопрело возилото и се дало во бегство.
Во возилото биле пронајдени три лица-мигранти државјани од Сирија. Потоа наишло и патничко моторно возило „Застава 101“ со велешки таблички, управувано од Р.Д.(1966) од Штип, кое исто така не застанало на дадениот знак и се обидело да го прегази полицаецот. Од страна на полицаецот од пиштол, испукан е еден куршум во правец на возилото, при што лицето кое го управувало возилото, застанало.
Р.Д. е приведен во Полициската станица во Велес, а во возилото биле пронајдени седум лица-мигранти државјани од Сирија. Од страна на полицијата, Р.Д. е задржан во СВР-Велес и со кривична пријава ќе биде предаден до Основното јавно обвинителство, додека странските државјани ќе бидат префрлени во Прифатниот центар за странци-Скопје.


