Најмногу струја трошиме кога ќе дојде зима. Многумина се греат на струја поради што сметките во текот на есента и зимата се многу поголеми. Меѓутоа, постојат многу начини да се намали потрошувачката на енергија во домот и така да се заштедат пари. Еве неколку совети, што треба да направите:
Внимавајте на сијалиците
Можете да ги замените класичните сијалици со штедливи, или да размислите за бројот на сијалици кои моментално ви се вклучени. Често од естетски причини купуваме лустери со неколку сијалици, кои се непотребни. Затоа трошиме повеќе струја.
Искористете ја природната светлина
Секогаш кога е можно, користете ја природната дневна светлина, наместо сијалици. Погрижете се редовно да ги гасите светлата кои не ви требаат, дури и кусото гасење на светлата троши помалку енергија, а разликата можете да ја забележите на следната сметка.
Поставете го фрижидерот подалеку од извор на топлина
Замрзнувачот и фрижидерот држете ги на студено место. Оддалечето го фрижидерот или замрзнувачот од директна изложеност на Сонце, т.е. печка, радијатор и други тела кои зрачат топлина. Тие ја зголемуваат температурата внатре во фрижидерот, а со тоа и потребата за работа на електричните компоненти на фрижидерот.
Не дозволувајте да се собира мраз
Фрижидерите и замрзнувачите без автоматска функција за одмрзнување треба задолжително редовно да се одмрзнуваат. Насобраниот мраз придонесува за поголема потрошувачка на енергија, бидејќи делува како изолатор, го отежнува преносот на температурата и доведува до често вклучување на моторот, а со тоа и до зголемена потрошувачка на електрична енергија, која не се искористува за чување на храната. И секогаш добро затворајте ја вратата на фрижидерот.
За замрзната храна доволни се -18 ° C
Температурата во замрзнувачот треба да биде околу je -18 ° C бидејќи тоа е сосема доволно за чување на намирници. Секое дополнително намалување е беспотребно трошење на енергија. Замрзнувачот исто така троши помалку енергија ако е полн отколку кога е празен, па е важно да не биде преголем.
Никогаш не ставајте топла храна во фрижидерот
Оладете ги намирниците пред да ги ставите во фрижидер, за да ја намалите потребата за ладење и со тоа да ја намалите и потрошувачката. Со ставање на топли намирници во фрижидерот ја зголемувате температурата, а тоа ја продолжува работата на моторот на компресорот, т.е. директна потрошувачка на електрична енергија. Храната така послабо се чува.
Избегнувајте купување на големи фрижидери
Ако сакате да купите нов фрижидер, секако обрнете внимание на енергетската ставка. Исто така, обрнете внимание и на големината на фрижидерот и замрзнувачот и гледајте да е за ваши потреби. Преголем фрижидер непотребно троши енергија, но два помали трошат уште повеќе.
Прво варете на силен па потоа на слаб оган
Почнете го готвењето на поголема температура додека јадењето не почне да врие, а потоа намалете ја температурата да се готви на тивко додека не биде готово.
Исклучете ја рерната пред време
За да заштедите уште повеќе, користете ја собраната температура на рерната, т.е. ако времето за печење е подолго од 40 минути, рерната можете да ја исклучите 10 минути пред крајот, а јадењето сеедно ќе биде доволно печено.
Оптимално искористете ја микробрановата
Микробрановата ја затоплува храната од рабовите кон средината, поради тоа ако имате разновидна храна, поголемите парчиња ставете ги од надворешната страна, а потенките и помалите од внатрешната страна на печката. Не употребувајте микробранова за одмрзнување на намирници бидејќи претходно одмрзнување во чинија со ладна вода е поевтино, но и поздраво.
Капакот и експрес лонецот, штедат енергија
Затворете го тенџерето во кое готвите бидејќи на тој начин штедите до 25 отсто енергија, а со употреба на експрес лонец можете да заштедите и до 50 отсто. Колку и да е примамливо, поретко кревајте го капакот бидејќи со секое подигнување губите до три степени кои мора да ги надоместите. Употребувајте тенџериња со рамно дно поради подобар пренос на топлината и усогласете го пречникот на тенџерето со пречникот на грејната плоча.
Проверете некаде да не тече вода
Проверете ги славините, секое истекување на топла вода ја зголемува потрошувачката на вода и на електрична енергија, т.е. на оној енергент кој ја затоплува водата.
Под туш се троши пет пати помалку вода
Наместо да се капете во када, туширајте се. Потрошувачката на вода е до пет пати помала при туширање. Можеби се чини нелогично, но докажано е дека со туширање се троши помалку вода. Всушност, со туширање подобро се искористува топлата вода, бидејќи директно доаѓа до контакт со телото, додека кај капење во када доаѓа до значително губење на топлината.
Долната облека доволно е да се пере на 60 степени
Машините трошат многу енергија па при перење на долна облека не ја вклучувајте на пред перење, таа програма е потребна само за многу нечисти алишта, а тоа може да се реши само со натопување во вода. Програмата за вриење намалете ја од 95 на 60 степени.
Каменецот во бојлерот троши повеќе од водата
Бојлерот редовно чистете го од каменец на секои три до пет години, бидејќи каменецот многу потешко се загрева од водата, а грејачот во бојлерот грее до температурата која сте ја одредиле со подесување на термостатот.
Кај капењето и туширањето прво пуштете ја студената па жешката вода
При мешање на водата прво пуштете студена вода па потоа додајте топла. На тој начин ќе отиде повеќе студена наместо топла вода во канализацијата, додека не ја добиете посакуваната температура на вода.
Машината секогаш наполнете ја
Наполнете ја машината за перење бидејќи празна троши исто како и полна, а програмата означена со ½ не штеди 50 отсто, туку само 30 отсто. Избегнувајте машини за сушење бидејќи многу трошат, подобро сушете ги алиштата на отворено секогаш кога тоа е можно.
извор: 24сата.хр


