Актерската дива од Венецуела Кораима Торес во неделата долета за Србија, а повод беше гостувањето во домашната серија „Игра на судбината“. На аеродромот ја пречекаа бројни новинарски екипи, а потоа на својот Инстаграм профил објави дека е многу среќна што е во Србија и побара од своите следбеници препораки што да посети, каде да јаде…
Очекувано, на следното стори имаше фотографија од ќебап на палента со кајмак и ајвар, а судејќи по смешковците, Касандра е презадоволна од ова јадење.

Понатаму, Касандра објави фотографии од нејзината прошетка во Каламегдан, а целодневната прошетка низ Белград заврши, како што доликува, со забава во Скадарлија.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, доаѓањето на Касандра ја чинело продукцијата 30.000 евра, а таа била сместена во претседателскиот апартман на еден хотел во Белград.


