Можеби ви изгледа тешко да направите домашен мајонез но не е така. Следете го нашиот рецепт и ќе бидете воодушевени.
Потребни состојки:
жолчка од јајце
1 лажица сенф
1 лажица ладна вода
1 лажичка оцет
225 мл масло за јадење
25 мл маслиново масло
Сол
Во тесен и висок сад ставете ја жолчката од јајце, ако сакате со посилен вкус на јајце може и две жолчки ако пак сакате посветла варијанта користете цело јајце. Што и да одберете прво треба да го ставите јајцето во садот. Потоа додадете сенф,оцет и сол а ако сакате можете да додадете лук или некои билки за поинаков вкус. Додадете и една лажица ладна вода за да се соедини смесата. Додадете го маслото и измешајте. Отставете да се спојат состојките триесеттина секунди а потоа ставете го миксерот на дното и мешајте држејќи го миксерот притиснат на подлогата се додека не забележите дека белиот мајонез почнува да истекува надоле и полека почнувате да го придвижувате миксерот се додека маслото целосно не се поврзе со смесата.
Ако мајонезот ви е тенок и со грутчиња, оставете ја смесата да слегне и повторете ја постапката. Ако и тоа не помогне ставете неколку лажици студена вода во друг сад со малку од смесата , измешајте и додадете во смесата убаво матејќи да се соедини.


