„Како заработувам, така трошам“ Дара Бубамара за десет дена заработила 300.000 евра

Пејачката Дара Бубамара неодамна се врати од турнеја во Америка, каде како што се наведува, за 10 дена заработила околу 300.000 евра. Таа сега признава дека планира да купи уште еден имот, пишува Пинк.рс.

– Сите знаат колку заработувам и од која година пејам. Работам буквално секој викенд веќе 30 години. Почнав како девојче, одев во сообраќајно училиште и пеев со мојот бенд. На сите им помагав, давав, купував подароци… Затоа Господ секогаш ми дава и се ми се враќа. Не се каам што немам колку што треба со оглед на тоа колку заработив, но имам доволно за убав и пристоен живот. За мене здравјето е секогаш на прво место, за останатото не ми е баш гајле. Како што заработувам, така трошам. Парите никогаш не ми биле најважни – вели пејачката и открива дека размислува да купи стан, но во друга земја.

– Во план ми е да купам недвижен имот во друга држава. Нема да зборувам за тоа додека не бидам 100 проценти сигурна, да не бидам баксуз. Засега сме само во преговори“, вели Дара.

Најчитани вести