Поволното дејство на калинката е познато уште од античко време, а често ја нарекувале и плод на љубовта, била знак на моќ и богатство, а секогаш била симбол на животот, младоста, плодноста и успехот.
Симболиката, вкусот и огромното влијание што ова овошје го има врз нашето здравје одлично се спојуваат во калинката. Ова жолтеникаво-црвено овошје, полно со вкусни бобинки кои се состојат од сок и семки, содржи минерали – магнезиум, калиум, калциум кои благотворно делуваат на срцето, циркулацијата и крвниот притисок, нервниот систем и коскениот систем – зглобовите и мускулите; богат е со железо и цинк, влакна и витамини од групата Б, потоа танини, фенолни киселини, флавоноиди и органски киселини.
Се користи за зајакнување на организмот во случај на замор и исцрпеност, ги ублажува стомачните проблеми, се користи за проблеми со кожата, го стимулира имунитетот и има силни антиоксидантни својства.


