Калиопи, Зафирчев, Дурловски, Ванчо, Гоце, Биљбиљ и Кире, уста не отворија за Тамара, Младенов, стечајците…

Калиопи, Зафирчев, Дурловски, Ванчо, Гоце, Биљбиљ, Кире итн. уста не отворија за:

– Мартин, Тамара, Младенов, СТЕЧАЈЦИТЕ, студентите, средношколците, сиромаштијата, бесправно притворени и затворени новинари, граѓани (за ќебапи и коприви), за двојно даночење на хонорарците, работниците/чките во шивалните и фабриките на смртта,

– високата стапка на смртност кај новороденчиња и родилки, сомнителните цитостатици и инсулин, за белодробните заболувања и загадениот воздух кој годишно убива 1.350 луѓе, за касапењето на паркови и шуми, за евтината струја и наплатата на Осман Бег на исклучените граѓани од топлификациската мрежа, за казните и наплатата од извршителите,

– за минималната плата, бркањето на синдикалците, протестите на културно-уметничките работници/ки, за штрајковите на новинарите, професорите, железници, ОХИС, леарница, за висината на социјалната помош, за јазиците со акцент на непримената на знаковниот јазик, за корумпираното судство и образование и листата продолжува без употребен материјал од ниту една „бомба“…

Ако ова не докажува дека се гнасни профитери и лешпери кои свесно предизвикуваат омраза со изнесување лажни информации за федерализација, казни за неучење албански јазик и двојазничност која де факто постои, притоа искористувајќи го статусот на „јавна личност“ или „носител на јавна функција“ еве, не знам…

Фејсбук статус на Јасмина Голубовска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести