Во текот на гаснењето на пожарите во Грција еден авион-канадер кој ги гаснешњ пожарите се сруши.
Инцидентот се случил во областа Каристос, Евија, во централна Грција.
Како што пренесува “evama.gr”, леталото паднало во близина на пожарот додека се обидувало да го изгасне.
Неофицијално станува збор за грчки авион.
Во канадерите најчесто има две лица, пилот и копилот, а засега не познато дали преживеале.
Грчката државна телевизија ЕРТ објави видео од моментот на падот на авионот.


