Канадскиот премиер Џастин Трудо изведува поза во јогата позната како „паун“

Кандскиот премиер Џастин Трудо откако дојде на функцијата ги освои симпатиите на јавноста со многу негови настапи, со изјавите за легализација на марихуаната, со заложување за правата на мажите и жените, со повлекувањето на војската од Сирија и Ирак.

Но она што воодушевува е и неговата физичка подготвеност, тренирал бокс а бил и тренер по банџи-џампинг. Колку е физички подготвен се гледа и во оваа поза која се нарекува „паун“ и веројатно ја направил како од шега, на пауза на седница. Позата само по себе е моќна, бидејќи освен што бара одлични бицепси и сила да се изведе, во јогата, означува големи работи како вечност и љубов.

trudo1

Инаку, во една прилика Трудо, повторно облечен во костум, пред поширок аудиториум направи поза во јогата позната како „дрво“. Токму од овие причини, што во секоја прилика промовира здрав начин на живот и се заложува за прашања поврзани со екологијата и климатските проблеми, Трудо на својата страна ја има генерацијата која со своите ставови припаѓа на 21 век. Тој со својот изглед, начинот на размислување и презентирање на ставовите во јавноста, излегува од рамките на стандарден политичар.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести