Карлеуша со македонско знаме во рацете ја отпеа „Бисер Балкански“ во чест на најпрекрасните браќа Македонци

Српската пејачка Јелена Карлеуша со концерт во Скопје ја започна нејзината турнеја „Алфа и Омега“. Познато е дека пејачката многу сака да настапува во Македонија и за овој концерт специјално ја подготвила македонската позната песна „Бисер Балкански“. Ја отпеа со македонското знаме во рака.

„За најпрекрасните браќа Македонци“ – кажа Карлеуша и со знаме во рака ја отпеа „Бисер балкански“ заедно со публиката.

Концертот се одржа во саботата, на 19.10.2024 во Арената „Јане Сандански“.

Најчитани вести