Касано: Мурињо е завршен како тренер, тој сè уште го прави она што го правеше пред 10 години

Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано остро го критикуваше Жозе Мурињо. Португалскиот тренер останува невработен откако во јануари доби отказ од Рома.

– Мурињо е целосно завршен како тренер. Тој веќе не е во состојба да тренира, го прави истото што го правеше пред 10 години. Во Рома не го пушти Паредес и го претпочита Бове наместо Пелегрини. Де Роси и даде на Рома верба дека тие се силен тим и врши извонредна работа. Докажа дека Рома има квалитет, изјави касано кој во својата кариера има играно за „Римската волчица“, Реал Мадрид, а беше и италијански репрезентативец.

По доаѓањето на Де Роси на тренерската позиција во Рома, тимот игра како препороден и од средината на табелата се проби во горниот дел. Сега е на чекор од позициите кои носат учество во Лигата на шампионите.

МИА

Најчитани вести