Катица Јанева во листата на жени кои ја менуваат Источна Европа

Германскиот онлајн магазин „Остпол“ ја вброи специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во листата на жени кои ја менуваат Источна Европа. Магазинот ја направи оваа листа од 21 жена, во чест на 8 – ми Март.

„Катица Јанева е обвинителка од мал град од југот на Македонија и сега е најпопуларната жена во државата. Како главен обвинител на Специјалното јавно обвинителство таа се соочува со предизвик да осуди високи функционери, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никола Груевски. Таа ја прифати оваа функција во време кога малкумина сакаа да ризикуваат прифаќајќи ја позицијата. Нејзината задача е да донесе правда на македонските граѓани кои со декади се жртви на клептократски лидери и нивните банди од функциониери и корпоративни директори. Тоа што жени се на оваа функција во земја која се уште се бори со силни стереотипи за жените е многу значајно“, објави „Остпол“.

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести

Најчитани вести