Казна затвор од 8 години за Рашковски

Кривичниот суд денеска ги објави и казните во случајот „Софтвери“ во кој првообвинет е Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата, заедно со шест други лица, откако претходно ги прогласи за виновни. Казните за осудените се:

-Драги Рашковски – 8 години

-Даниел Станчев – 4 години

-Ивица Димитровски – 5 години

-Маја Силјановска – 3 години

-Игор Христов – 5 години и 6 месеци

-Ирена Ивановска – 3 години и 6 месеци

-Игор Ивановски – 3 години

Осудените треба да ја надоместат и штетата нанесена на Буџетот.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот, Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот законик

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.

Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд Скопје.

Најчитани вести