Казнети 126 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 126 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со над 70 километри на час. Притоа, 36 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МИА

]]>

Најчитани вести