Казнети 262 возачи за брзо возење

При зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, полицијата вчера санкционирала 262 возачи.

-Од нив, 32 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 91 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 171 надвор од населено место, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести