Кејт Мидлтон повторно во јавност: Не сакаше да го пропушти овој настан

Кејт Мидлтон ја остави јавноста крајно изненадена откако се појави на балетската претстава „Жизел“ во престижниот театар „Садлерс Велс“.

Додека продолжува да закрепнува од хемотерапијата, принцезата од Велс го опиша настапот како „потресен и инспиративен“ на социјалната мрежа „Икс“, притоа истакнувајќи дека продукцијата на најдобар можен начин ја покажала својата креативност, објави Пинк.рс.

Кејт, исто така, беше домаќин на годишната божиќна песна во замокот Виндзор претходно оваа недела, кој е познат по тоа што собира многу познати личности за да соберат средства за различни добротворни цели.

Да потсетиме дека Кејт Мидлтон сега е со многу подобро здравје отколку во јануари 2023 година кога имаше операција на абдоменот, по што во март потврди дека се откриени преканцерозни клетки. На почетокот на овој месец, Кејт сподели видео со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам и нивните три деца, откривајќи дека го завршила третманот, за што се чувствува многу благодарна.

Најчитани вести