Кекеновски: Политичкиот дегенерик и криминалец кој сега има улога на креатор на јавното мислење да се избања во 2014, најверојатно така и душата ќе му биде истриена

СРЕЌНА НОВА. Среќна и за греотките со псевдоним ,,новинари“. Сумирајки ја 2013 година неможам, а де не се осврнам и да им посакам излекување во 2014 год, на ИНТЕЛЕКТУАЛНО ХЕНДИКЕПИРАНИТЕ и САМОПРОГЛАСЕНИ БАРДОВИ на НОВИНАРСТВОТО.

Лесно ќе ги препознаете, прави шоумени. Ух, ги има бајаги!!. Колку ли само политички дегенерици родила оваа наша држава?! Во напливот на сопствената (не)моќ некои од нив се дрзнаа, во очи денот кога сите си посакуваат желби за успех, среќа…, на своите ФБ профили да навредувааат и омаловажуваат други луѓе. СЕКАКВИ НЕ ИМА, НЕКА ИМ Е ПРОСТЕНО.
Но, кога навредата ќе стигне од криминалец, навистина боли. До неодамна во затвор за измама на своите сограѓани, а можеби и уште неколку кривични (засега) во фиока, а сега во улога на креатор на јавно мислење?! Се само да остане во близина на власта. Или под неа, онака, на колена.

Денес црвени, утре повторно плави… и така се до бесвест. Новинарчиња платливи ,,со една червена“, што би рекле нашите соседи.

П.С. Сепак има и една среќна околност – празници се ближат, се надевам во војната против сите, ќе најдат време и за новогодишно капење. Најверојатно нивните маслосани коси и души ќе бидат истриени. Времето е најдобар шампон…

 

Фејсбук статус на Јове Кекеновски

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести