Анастасија Ражњатовиќ (17), ќерка на фолк-ѕвездата Цеца Ражњатовиќ, на Инстаграм објави интимна селфи фотографија со момчето од кревет, а со оглед на тоа што и двајцата позирале без облека, набргу добиле и зајадливи коментари од фановите.
Атрактивната тинејџерка и нејзиното момче Костадин Терзиќ (22).овие денови не се раздвојуваат еден од друг, а освен што поминаа неколку дена на летување во Турција, двојката со своето друштво ја посетила и Црна Гора. Преостанатите денови од летото, Анастазија и Костадин ги поминуваат во Белград, каде што снимиле и интересно селфи.



