Кетрин Зета Џонс позирала гола за сопругот, на Мајкл Даглас тоа не му е единствената желба

Фотографија од актерката Кетрин Зета-Џонс на која таа позира гола е објавена на нејзиниот Инстаграм профил по повод нејзиниот 55-ти и јубилејниот 80-ти роденден на Даглас.

Тие се еден од најхармоничните холивудски парови кои во ноември оваа година ја слават 24-годишнината од бракот. Бидејќи тие го делат истиот датум на раѓање, 25 септември, во домот на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас имало прослава, а убавата велшка актерка навистина се погрижила сите да се сеќаваат овој роденден.

Таа на Инстаграм објави црно-бела фотографија на која позира во „костим на Ева“, односно без ништо на себе, позирајќи свртена на страна за да не се види ништо, вешто ставајќи ги рацете за да ги покрие градите. Ништо не покажа, но пак сè се разбра.

„Во роденденско одело! По повеќе од 25 години споделување родендени со сопругот, ми снемуваат идеи за подароци“, коментираше велшката актерка својата повеќе од провокативна објава на Инстаграм, која набрзо собра бројни лајкови и коментари.

Сепак, набрзо појаснила дека „голата Кетрин“ не е подарок со кој нејзиниот сопруг ќе биде пресреќен.

„Ова е втората опција, првиот подарок се топчиња за голф… се разбира“ – појасни Кетрин.

Да потсетиме дека Зета-Џонс и Даглас ја започнаа нивната љубовна приказна во 1996 година, кога Даглас на приватна проекција ја здоглегледал убавата актерка од „Маскираниот Зоро“.

Тие признаа дека биле во врска дури во 1999 година, на премиерата на нејзиниот трилер „The Haunting“ во Единбург, кога Зета Џонс искрено им рекла на насобраните новинари:

„Мајкл е тука вечерва само поради една причина – сакаме јавно да кажеме дека сме заедно“.

Таа го роди нивното прво дете, синот Дилан, во август 2000 година, само три месеци пред да се венчаат на церемонија која ги чинеше околу еден и пол милион долари. Во 2003 година ја добија ќерката Керис.

Најчитани вести