Возбудлива промоција на книгата “Живот во кутија”. Не сум присуствувал на литературна егзибиција исполнета со повеќе емоции. Можеби затоа што настанот и не беше егзибиција, како што и книгата на Кежаровски не е обична, ако може така да се каже, литература
Туку повест на едно страдање, сведоштво за егзибициите на Злото, на борбата против злосторничкиот режим, за семејството, за пријателите, за слбодата. Томче Кежаровски израсна во амблематска фигура на едно драматично време, не по сила на својата судбина, макар што и таа има замешано прсти, туку по линија на својот талент, самопрегор, работа, жртва, по линија на принципите за кои се бореше, по линија на идеалите за правдата и слободата, по тие линии тој ја произведе својата херојска судбина повеќе отколку таа него. Истовремено, тој е тест за слободарските, правни и демократски капацитети на новите власти. Честитки за книгата, Томиславе и поклон пред твојата борба и саможртва.
Бранко Тричковски
фејсбук статус


