Кирацовски: Форумот на жени на СДСМ отсекогаш знаел да го акумулира најдоброто од општеството

Форумот на жени на СДСМ, отсекогаш знаел да го акумулира најдоброто од општеството, да регрутира претставнички на понежниот пол кои буквално на сите нам, во повеќе наврати, ни покажаа како треба и како може проблемите да се решаваат со компромис и консензус.

СДСМ е партијата која своевремено се избори за загарантирано учество на жените во политиката и првата партија која го загарантира нивното учество во партиските тела и органи.

Со тоа покажавме дека ги респектираме жените, не само во партијата туку и во општеството.

Драги другарки, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое лично име ви честитам за огромниот придонес кој несебично го дадовте за доброто на нашата Македонија.

Фејсбук статус на Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести