Кој е ова?! Легендарниот актер пристигна во Венеција, ретко кој го препозна

Легендарниот британски актер, познат по улогата на Џејмс Бонд, ја изненади публиката на филмскиот фестивал во Венеција со својата нова фризура. Ретко кој го препозна Даниел Крег, кој вообичаено има кратка коса, но не и овој пат, што предизвика голем интерес на социјалните мрежи. Реакциите беа главно позитивни, со коментари како „Му стои многу добро“, „Ова е Даниел Крег“…

Крег на фестивалот дојде со сопругата, актерката Рејчел Вајс. Неговиот нов филм „Квир“ вечерва ќе биде промовиран. Приказната се фокусира на еден американски иселеник во Мексико Сити кој станува опседнат од млад студент. Покрај Крег, во филмот глумат Лесли Менвил, Џејсон Шварцман, Дру Старки и Дејвид Ловери.

Филмскиот фестивал во Венеција веќе го привлече вниманието на критиката и публиката со неколку филмови, а доделувањето на наградите ќе се одржи во сабота, 7 септември.

Најчитани вести