Кој нелегално гради џамија во Злокуќани – Градоначалникот Јакимовски засега ја стопира градбата

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, за во понеделник закажал средба со претставници на бесправната градба на џамија во Злокуќани.

Со ваков договор, синоќа завршиле градежните активности, а по укажување на градоначалникот Јакимовски.

Први за градбата во општина Карпош реагирале мештаните, зашто градежните активности се одвивале од рано наутро до доцните вечерни часови или што би се рекло по темница.

Од Исламската верска заедница во контакт со „НоваТВ“, велат не знаат за никаква градба на џамија на посочената локација и дека муфтијата е на пат и повторно да ги побараме во вторник.

Станува збор за Албанци по националност, но кои отворено не зборувале за својата верска определба, а со тоа ни за верата која би се практикувала во џамијата. Додека пак, жителите на Злокуќани се убедени дека станува збор Вахабисти за кои се знае дека поддржуваат и практикуваат радикален Ислам.

Сепак појасна слика за овој случај треба да произлезе по понеделничната средба меѓу градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски со претставници на нелегалнот објект.

Повеќе на линкот: НоваТВ

]]>