Денеска завршува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година.
Полуматурантите се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација.
Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Првото почна на 12 јуни во 00.00 часот и завршува вечер на полноќ, а второто пријавување е на 23 јуни.
Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување – на 20 август.
Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование.
МИА


