Првите реакции на бродските компании за постигнатиот договор за завршување на војната на Блиски Исток и за планираното повторно отворање на Ормуска Теснина се поделени.
Германското здружение на бродосопственици ВДР соопшти дека останува да се види дали договорот помеѓу САД и Иран за завршување на војната и повторно отворање на Ормуска Теснина всушност ќе овозможи безбеден премин низ клучниот бродски пат.
– Сепак, ние сме претпазливо оптимисти, се наведува во соопштението на ВДР.
Додека петтата најголема светска бродска компанија „Хапаг-Лојд“ соопшти дека договорот е охрабрувачки и оти се надева дека бродовите ќе можат да поминат низ Ормуска Теснина уште оваа недела.
МИА


