Рама предупреди дека протестите ги поттикнуваат негативните перцепции, и му штетат на имиџот на Албанија и туристичката сезона, протестантите му дадоа рок до 21 јуни да си поднесе оставка

Албанскиот премиер Еди Рама денеска предупреди дека протестот против инвестицијата во Зврнец и Сазан се на штета на имиџот на Албанија и на туристичката сезона, хранејќи ја „негативната и лажна перцепција за земја еколошки непријателска, негостољубива за странски инвестиции и небезбедна за туристите“.

Во реакција на социјалните мрежи, Рама наведува дека протестите повеќе не се поврзани  со Сазан или Зврнец, бидејќи целата документација за процесот и целиот документиран пристап јасно покажуваат дека владата е на ниво на јавниот интерес и меѓународните стандарди и најдобрите практики.

– Откажувањата на хотелските резервации и блокадите на патиштата предупредуваат на сезона која не е економски позитивна, за многу, многу семејства и луѓе кои имаат директни или индиректни врски со вредносниот синџир на туристичката индустрија, напиша Рама.

Тој тврди дека островот Сазан не е продаден, иако е во државна сопственост, а нема ниту одобрен проект во Звернец, каде земјиштето е во приватна сопстевност.

Островот Сазан е државен имот, кој никогаш не бил наменет, ниту понуден за продажба. Земјиштето во Зврнец е во приватна сопственост, за каде сè уште нема одобрен проект. Албанија не се плаши и не се откажува од големи соништа. Заедно ќе ја направиме европска Албанија принцеза на медитеранскиот туризам и ќе им покажеме на сите оние кои ја клеветеа нашата земја. Албанија ја сфаќа својата епохална трансформација многу сериозно, посочи Рама.

Од синоќешниот протест што се одржа по 15-ти пат пред владата, а потоа со марширање низ Тирана, што услови блокада, најмалку три часа на автопатот Тирана-Драч  и патот кон меѓународниот аеродром. Демонстрантите  му дадоа рок на Рама да си даде оставка до 21 месецов, во противно „ќе ја парализираат цела држава“.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет